Ова е човекот кој брутално ги претепа својата жена и дете: Страшно насилство на Ѕвездара – шестмесечно дете со исекотини и хематоми на главата (ФОТО)
Страшен инцидент се случил рано утрово кога мајка (26) донела шестмесечно бебе во болницата во Тиршов.
Како што пишуваат српските медиуми, детето имало хематоми на главата.
Мајката рекла дека бебето и таа, ноќта меѓу 1 и 2 јуни биле претепани од таткото на бебето, односно нејзиниот невенчан сопруг во станот на Ѕведара.
Со експресна реакција на полицијата, насилникот (25) е уапсен под сомнение дека е сторител на ова кривично дело.
На бебето му биле констатирани полесни повреди и било пуштено дома, додека на мајката и’ биле констатирани потешки повреди на градниот кош.