Кинескиот претставник Ли Хуи ги повика другите земји да престанат да испорачуваат оружје на Украина

–   Претставникот на Кина за Украина, Ли Хуи, денеска ги повика другите земји да престанат да испраќаат оружје на бојното поле и да придонесат за мировните преговори, но не посочи дали е постигнат некаков напредок за време на неговата неодамнешна посета на Европа што ќе доведе до решение за конфликтот.

„Кина верува дека е важно да престане да испраќа оружје на бојното поле ако навистина сакаме да ја завршиме војната, да спасиме животи и да постигнеме мир. Во спротивно, тензиите само ќе растат“, изјави Ли.

Ли го упати повикот додека Вашингтон и неговите европски сојузници ја зголемуваат испораката на проектили, тенкови и друго оружје за украинските сили кои се обидуваат да вратат делови од територијата окупирана од руската војска.

Владата на кинескиот лидер Си Џинпинг вели дека е неутрална во руско-украинскиот конфликт и сака да биде посредник, но политички ја поддржува Москва.

Од 15 до 28 мај Ли ги посети Украина, Русија, Полска, Франција, Германија и седиштето на Европската унија.

Аналитичарите наведуваат дека е малку веројатно кинеската иницијатива да вроди со плод.