„ОВА Е ЧУДО! Спасено дете (3) кое повеќе од два дена било затрупано во урнатините – не се знае судбината на уште 110 загинати во свлечиште на Филипините

Како што пренесува Ројтерс, спасувачите извлекле уште неколку тела од урнатините, со што бројот на загинатите во несреќата се искачи на 15, соопштија властите.

Медиумите спасувањето на тригодишното девојче го опишуваат како чудо, бидејќи спасувачите изгубиле надеж дека во урнатините ќе пронајдат некој друг жив по речиси 60 часа потрага.

Во свлечиштето , што во вторникот вечерта ја погоди областа пред рудникот за злато во градот Мако на Филипините , беа затрупани неколку куќи, три автобуси и едно комбе кое требаше да ги превезе вработените во рударската компанија.

Покраинските власти соопштија дека преживеаното дете е во стабилна состојба, додека бројот на исчезнати останува на 110. Обилните дождови ја погодија филипинската провинција Давао де Оро во последните недели, предизвикувајќи поплави и лизгање на земјиштето.