ОВА Е ЉУБОВ КОЈА СЕКОЈ ЌЕ ГО РАСПЛАЧЕ: Хајрудин од Сараево 13 години се грижи за сопругата и ЧЕКА ДА ТАА СЕ РАЗБУДИ ОД КОМА (ВИДЕО)
Хајрудин Велетовац живее во населбата Бријешче во Сараево, а тоа е човек чија љубов ќе ве расплаче.
Тој веќе 13 години седи покрај сопругата која е во коматозна состојба и чека да трепне.
Неговата единствена желба е да пие кафе со неговата Елмина.
Во меѓувреме, тој го подреди својот живот на грижата на сопругата, која ја чува 24 часа на ден. Ја храни, ја пресоблекува, ја бања… Зборува со неа, и како што вели, по нејзината реакција забележува дека го слуша.
Елмина Велетовац до 2011 година беше здрава жена, сопруга и мајка.
Се додека еден ден не и се слоши. Во болницата ги дочека страшна дијагноза – аневризма.
Во тие моменти лекарите и дале само неколку часа живот, но сепак ја оперирале. Откако била отпуштена на домашна нега, на Хајрудин и било кажано да се подготви, бидејќи и остануваат уште месец, до месец и половина живот.
Но, со неговата несебична љубов и грижа, Елмедина се уште е тука. И Хајрудин не губи надеж дека еден ден ќе оздрави. Да ги види нејзините сега веќе пораснати деца, како и петте внуци кои во меѓувреме се родиле.