Ова летувалиште во Грција е поевтино од Охрид и има најпристапни цени: Доколку не сте летувале овде, еве ви шанса (фото)

Додека туристите масовно се жалат на превисоките цени на угостителските услуги во популарните одморалишта, има и такви кои го пофалија местото со пристапните цени. Од година во година Грција е една од омилените дестинации на Македонците, а годинава цените на некои места се повисоки за приближно десет отсто во однос на претходната година.

Во Фејсбук групата „Во живо од Грција“ објавена е фотографија на која се гледа ценовник од ресторан во Неи Пори.

На фотографијата се гледа дека, на пример, плескавица чини 9,50 евра, пилешко филе 9,90, а со сос 10,80 евра, рижото од морски плодови 12,90, салата од рукола 7,90, лигњи 9,50 евра.

Оваа објава предизвика лавина коментари од корисниците на оваа група.

„Ако не летувате секоја година во Неи Пори, тогаш не знаете дека овие цени се речиси исти како претходната сезона. За разлика од Црна Гора, каде што цените се трипати повисоки во ресторани отколку на плажи Цените се повеќе од пристапни, а да ви кажам – за 10 дена одмор, поточно во Неи Пори, можете да јадете морска храна за многу поевтини цени отколку некаде во Охрид“, гласи еден коментар.

„Мене ми е доволно тоа што цената на гиро во Грција е околу четири евра, а во Охрид плаќам 240 денари.”, гласи друг коментар.

Сепак, еден корисник додаде дека е поевтино во Лептокарија:

,,Овие цени се супер, бев во Пефкохори и презадоволен сум“.