Бил апсен, убивал кучиња а оргијал со познатата ѕвезда: Ова се застрашувачките факти за масовниот убиец (фото)

Младиот У.Б.(21) од селото Дубона кај Младеновац на 4 мај изврши масовно убиство во своето, но и во соседното селото Мало Орашје. Кобната вечер со истрели од калашникови убил девет млади лица, а 13 ранил, а не познавал ниту една од жртвите.

У.Б. бил уапсен неколку часа подоцна, по полициска потера, утрото на 5 мај во шупа на имотот на неговиот вујко во околината на Крагуевац. Семејствата на настраданите, како и сите жители на двете села кај Младеновац и кај Смедерево, веќе три месеци се прашуваат зошто У.Б. извадил оружје и убил толку луѓе?

„Од апсењето тој е во притвор во Смедерево. Накратко е префрлен во Специјалната затворска болница во Белград на психијатриско вештачење, но потоа е вратен во затворот Смедерево. Веднаш штом бил вратен, повторно покажал агресија. Имено, тој го нападнал својот другар од ќелијата и му удрил шлаканица бидејќи му пречело што приведениот ‘рчи“, вели извор близок до истрагата.

Неговите соседи и претходно забележале дека У.Б. има лош карактер, а како што велат по невиденото злосторство за кое е обвинет овој млад човек имал проблеми со полицијата, но и со мештаните.

,,Toј убиваше кучиња во селото, ги врзуваше и ги убиваше. Не знаевме зошто ги малтретирал животните, ни беше несфатливо. Беше јасно дека момчето не е нормално”, изјавија селаните од Дубона претходно.

Според нив, У.Б. бил арогантен и насилен.

„Со својот мотор беснееше низ селото, а еднаш ни се закани дека ќе нè прегази. Се тепаше со млади момчиња, а еднаш удри 70-годиен дедо, сосед. Мажот потоа имаше модринка под својот око“, велат мештаните.

Како што и претходно пишувавме, осомничениот за тешко кривично дело и еднаш претходно бил уапсен.

,,Тој еднаш беше уапсен поради напад на службено лице при извршување на службената должност. Собори полицаец кој се обиде да го запре со својот мотор. Уапсен е и поради кражба и насилничко однесување”, се сеќава соселанецот на Урош, додавајќи дека и покрај апсењата и кривичните пријави, тој не бил осуден.

5 факти за масовниот убиец

1. Бил апсен и претходно; 2. Убивал кучиња; 3. Правел оргии со старлета 4. Го симпатизирал Кристијан Голубовиќ 5. Собрал оружје и муниција

Дека У.Б. сакал да глуми криминалец покажуваат и неговите објави на социјалните мрежи. Така, тој еднаш објави видео на кое се гледа како плива во езеро покриено со мраз и снег само на шорцеви среде зима, имитирајќи го Кристијан Голубовиќ, осуден криминалец од 1990-тите, кој оттогаш стана учесник на реалити ТВ. На тој пост беше означен со Кристијан.

Освен што сакал да глуми криминалец, сакал и да се дружи со луѓе кои учествувале во реални шоуа.

Еден од неговите најдобри пријатели беше Никола Ѓорѓевиќ, поранешен „Задругар“, а по апсењето се појавија слики од У.Б со старлетата Дениз Дејм, контроверзна учесничка во реалното шоу.

,,Имав оргија со него и Филип Цар таа вечер, бев пијана и под голема доза на наркотици. Не се сеќавам на ништо и веќе не можам да коментирам ништо. Ме потресе злосторството”, изјавила Дениз за медиумите откако сликите протекоа во јавноста.

Покрај сето ова, У.Б. беше очигледно фасциниран од оружје. По неговото апсење, полицијата пронашла цел арсенал во викендицата во село Шепшин каде извесно време живеел осомничениот убиец.