Ова место е омилено за водење љубов – не е спалната соба!

За многумина ,,жешки” места за интимност се тушот и автомобилот, но тие места не се на врвот на најпосакуваните…

Сексуалните терапевти истакнуваат дека местото за водење љубов во куќата не мора да биде спалната соба , туку најчесто е некоја друга просторија . За многумина жешките точки за интимност се тушот и автомобилот.

Повеќето сексуални терапевти ќе нагласат дека идеалното место за секс во куќата е релативен термин, секој има свое мислење, бидејќи покрај спалната има и други простории во кои луѓето се спонтано интимни. Помладите генерации имаат омилена соба во која најмногу се релаксираат.

Најдоброто место

Истражувањето спроведено од Skin Condoms покажа дека 78 отсто од луѓето на возраст од 18 до 34 години имаат интимни односи во дневната соба. Софата која е централното место на нивниот престој е супер практична и за интимни игри. Спонтаноста доаѓа со гледањето на вашата омилена серија или филм заедно.

Други ,,жешки” места за интимност се тушот (74 проценти), потоа автомобилот, машината за перење, некаде на отворено и плажата, пишува Woman’s Health.