Деми Мур го слави својот 61 роденден! Ова се нејзините најпознати цитати

Познатата актерка Деми Мур овој ноември влегува во седмата деценија, а во душата сè уште е млада.

Холивудската актерка Деми Мур стана позната по нејзините улоги во филмови во текот на осумдесеттите и деведесеттите. Најпозната е по улогите во филмовите „Дух“, „Непристојна понуда“ и „Стриптиз“.

Таа е позната и по браковите со актерите Брус Вилис и Ештон Качер.

Таа овој ноември наполни 61 година и изгледа подеднакво добро како кога била помлада.

Покрај исклучителните улоги, незаборавни се нејзините цитати од различни интервјуа.

1. Вистинските мажи не купуваат девојки – тие ги штитат. Регрутираме вистински мажи кои имаат храброст да застанат по ова прашање;

2. Времето е неверојатно моќно. Ако останете верни на себе и продолжите да одите напред, работите ќе се случат;

3. Не постои начин да го достигнете својот целосен потенцијал ако не ја пронајдете вистинската љубов кон себе;

4. Не доаѓате на овој свет сакајќи да бидете ништо друго освен среќни;

5. Не дозволувајте вашите рани да ве натераат да станете некој што не сте;

6. Единственото нешто што можете да го имате на ваша страна е времето. Единствениот начин да се добие време е да се живее. И ако го живеете животот трошејќи ја енергијата грижејќи се за тоа што мислат другите, тогаш го пропуштате моментот.