Ова момче има три месеци и ПРВ ПАТ ГО СЛУШНАЛ ГЛАСОТ НА СВОЈАТА МАЈКА: Роден е со оштетен слух, а НЕГОВАТА РЕАКЦИЈА ги воодушеви сите

Тримесечното момче по име Алби Колинс е родено со умерено губење на слухот на двете уши. Со помош на слушен апарат за прв пат по раѓањето го слушнал гласот на мајка си. Неговите родители Ејми и Метју, кои и двајцата имаат 29 години, биле пресреќни поради реакциите на нивниот син, кој ја разгали јавноста.

Трогателната снимка покажува како реагирало момчето кога првпат го слушнало гласот на мајка си, а потоа и како реагирал на новите звуци дома додека се прилагодувал на нив, со помош на апаратот.

Брачен пар од Западен Јоркшир донел одлука да му вградат слушен апарат на Алби за да му овозможат да научи јазик и да му го олесни учењето подоцна во животот.

@mattycollins94

Baby Albie just had his hearing aids fitted 🩵 takes after me with a slight impairment. But all smiles after hearing mummys voice loud and clear 🥹🩵🩵 #hearingaids #hearingloss #hearingimpaired #baby #boy #son #babyboy #hearing #uk #fyp #hearingaidsgang #smileyface #💙 #happyboy#love #mummy #smiles #🥹 @Amy Collins #joy #happy

♬ I Get to Love You – Acoustic – Mysha Didi

“Здраво, убаво момче. Дали си ти убаво бебе? Слушаш ли мамо? Кажи мамо”, му вели неговата мајка во видеото. Ејми претходно сподели на Тикток: “По тестот за слух кај новороденчето во болницата, тој бил упатен на аудиологија за понатамошна истрага. Лекарите го советуваа да носи помагала уште од рана возраст за да не му се нарушат говорот и јазикот додека расте. Неговиот таткото го има истото губење на слухот што било откриено додека бил во основно училиште, така што врската најверојатно е генетска.

Мојот сопруг и јас бевме пресреќни што го видовме како се насмевнува додека ги апсорбира сите нови звуци. Таква трогателна реакција која не остави воодушевени“, пишува Дејли Мејл.

Видеото е придружено со прекрасни коментари: „Најслаткото нешто што сум го видел денес, честитки“. „Ах неговото мало лице“, „Апсолутно преслатко човече“.