ОВА НЕМА НА СИТЕ ДА ИМ СЕ ДОПАДНЕ – Владимир Путин донесе одлука со која удира по руската олигархија: “Наредбата ќе важи за сите!“
„Сите руски функционери мора да возат домашни автомобили“, изјави денес претседателот на Русија, Владимир Путин, на состанокот со менаџерите на производствените компании.
Според него, од министерствата и управата се бара да не продолжуваат да купуваат автомобили од странско производство, па дури и да спроведат кампања за домашната автомобилска индустрија.
„И сите функционери во државата да возат домашни автомобили. Нема ништо страшно во тоа што некаде ќе изгледа поскромно, напротив, дури е добро“, рекол Владимир Путин, пренесуваат руските медиуми. .
Тој потенцира дека бирократијата мора да сфати дека е потребно да се залага за развој на домашни брендови, домашни автомобили и други домашни производи.
На почетокот на јули, претседателот на Државната Дума (Собрание), Вјачеслав Володин, повика на фокус на домашната автомобилска индустрија во јавните набавки за државните органи и буџетските институции.
Истиот став го искажа и заменик претседателот на партијата Единствена Русија, Султан Хамзаев, кој побара државните службеници, пред се пратениците, да почнат да користат руски автомобили.
Министерот за финансии на Русија, Антон Силуанов, вели дека неговиот ресор е подготвен прв да учествува во набавката на домашни автомобили за државни потреби.