ОВА НЕ ГО РАЗБИРААТ ОНИЕ КОИ НЕ ПОЧУВСТВУВАЛЕ ВИСТИНСКА ЉУБОВ: 4 децении помладата девојка на Лазар Ристовски е изненадена од пораките што ги добива (ФОТО)
Актерот Лазар Ристовски (71) ужива во љубовта со колешката Аница Лазиќ (32), а за нивната врска на големо се зборува.
Аница сега на социјалните мрежи ги сподели пораките кои ги добила, а кои и ја трогнале.
– Убава и многу силна, и психички и секако, поддршка за тебе! – стои во пораката, па таа се заблагодари за овие зборови.
– Како некој кој е во брак со 42 години постар маж, целосно те разбирам и ја испраќам мојата поддршка во секоја смисла, љубовта е љубов! – прочитајте уште една порака, на која Аница напиша:
– Вистинската љубов зрачи, тоа го знаеме ние што ја живееме. Тие што не разбираат, за жал, не разбираат затоа што не почувствувале и не треба да се обвинуваат. Остануваш инспирација, се најдобро! – ѝ напиша една инстаграмџика, па Лазиќева изјави:
– Една од најубавите пораки денес, благодарам!