“ОВА НЕ Е ОБУКА, ОВА НЕ Е ВЕЖБА!“ – Словачка испраќа војници на граница, а прогласена е и вонредна состојба !?

Словачка ќе испрати дополнителни сили на границата со Унгарија со цел да се спроведе акција за сузбивање на илегалната миграција, најави денеска словачкиот премиер Роберт Фицо.

Го поздравив фактот што Министерството за внатрешни работи избра создавање бариери за илегалната миграција како еден од своите приоритети. Затоа, ја поддржав и веста дека вечерва ќе можеме да видиме мобилизација и на полициски и на воен персонал за акција, ова не е обука, не е вежба“, изјави Роберт Фицо.

Тој посочи дека додека илегалната миграција не биде ставена под контрола, ќе постои ризик луѓето поврзани со терористички структури да влезат во Словачка.

Словачка на почетокот на септември одлучи да распореди околу 500 војници за да и помогнат на полицијата во борбата против илегалните мигранти на границата со Унгарија, а подоцна беа воведени гранични контроли на словачко-унгарската граница.

Во неколку градови во Словачка е прогласена вонредна состојба поради зголемениот број илегални имигранти.

Полска, Чешка и Австрија претходно привремено ги обновија граничните контроли на границите со Словачка поради наглото зголемување на бројот на илегални мигранти на таканаречената „балканска рута“ што преку балканските држави води кон западноевропските земји.