Ова не се случило откако почнаа сателитски мерења: Рекордно ниска површина под морскиот мраз околу Антарктикот

Трета година по ред, морската површина под мразот околу Антарктикот паѓа под два милиони квадратни километри, што не се случило пред 2022 година од почетокот на мерењата на сателитите во 1979 година

Последните податоци на американскиот центар за снег и мраз потврдуваат дека во претходните три години количината на лебдечки мраз на континентот била најмала досега, објави „Гардијан“. Научниците велат дека уште една година опаѓање на морскиот мраз е доказ за „промена на режимот“ и дека континентот поминал низ „нагла критична транзиција“.

Мразот на антарктикот го достигнува најниското ниво на врвот на летото на континентот, во февруари секоја година.

Петдневниот пресек, кој беше направен на 18 февруари, покажа дека површината на мразот падна на 1,99 милиони квадратни километри , а на 21 февруари таа беше 1,98 милиони. Најниското ниво е забележано во февруари 2023 година, кога изнесувало 1,78 милиони квадратни метри.

„Сигурно е дека трите години со најниско ниво на мраз се последните три години“, вели Вил Хобс, научник за мраз од Универзитетот во Тасманија.

Научниците предупредија дека губењето на морскиот мраз е само една од неколкуте големи промени забележани на Антарктикот, а кои веројатно ќе имаат глобални последици, особено затоа што неговата загуба изложува голем дел од континентот на океанот, забрзувајќи ја загубата на копнениот мраз, што може го подигне глобалното ниво на морињата.