Ова никој не го очекуваше, големо засилување доаѓа во Денвер, балканската врска работи за Никола Јокиќ
Со денови се шпекулираше за првото засилување на Денвер за наредната сезона и нападот на НБА прстенот и тоа пристигна.
Токму Дарио Шариќ стана слободен играч откако летово му истече договорот со Голден Стејт Вориорс.
Одличниот репрезентативец на Хрватска потпиша двегодишен договор со Нагетс вреден 10,6 милиони долари и ќе му биде голема помош на Никола Јокиќ во рекетот.
Пред Вориорс, Шариќ играше за Оклахома, Феникс, Минесота и Филаделфија, а во 2014 година беше 12-ти пик на драфтот кога беше избран од Орландо.
Беше еден од најталентираните играчи во светот, кариерата ја започна во Загреб, се пресели во Цибона, па во Ефес, од каде замина во НБА лигата.
Никола Јокиќ е голем љубител на играта на Шариќ, па тој сигурно бил „кум“ на овој потпис.
Free agent F Dario Saric has agreed on a two-year, $10.6 million deal with the Denver Nuggets, sources tell ESPN. Deal includes player option on second-year. pic.twitter.com/kHfy7KAv45
— Adrian Wojnarowski (@wojespn) July 6, 2024