Ова овошје е најдобро за оние над 60 години! Го подобрува варењето, го намалува шеќерот и го штити вашето срце – природен еликсир на здравјето (фото)

Рускиот лекар ги открива сите придобивки од ова овошје и ги препорачува и на младите и на старите.

Сливата го зајакнува имунолошкиот систем и ја подобрува функцијата на цревата, што е особено важно за луѓето над 60, 65 години, како што објасни руската докторка и нутриционистка Маргарита Королева.

Како што истакна таа, луѓето кои се над 60, 65 години често имаат проблеми со празнење на цревата, варење и страдаат од запек. Докторот објаснува дека сливата е природен лаксатив кој може значително да помогне при ваквите тегоби – затоа не ја пропуштајте сезоната на ова супер овошје.

– Сливата ќе го ублажи запекот и ќе помогне во навремено ослободување на цревната содржина, рече таа и посочи дека е важно луѓето над 60 години особено да го зајакнат имунитетот, кој доколку е нарушен може да ги направи подложни на разни вируси и настинки.

– Влакната се неопходни за одржување на функционирањето на цревата. Здравјето на цревата, исто така, зависи од имунолошкиот систем и имунолошкиот статус на една личност. Сливата содржи и витамин Ц, кој е важен и за имунитетот.

Сливите често се број еден во секоја градина, особено кога се прави џем и мармалад, но важно е да се консумираат свежи заради здравјето.

Содржи витамин Ц (5 до 8 mg на 100 g, во зависност од видот), витамин Б6, бакар, витамин Б2, витамин Б3, витамин К, магнезиум, железо, калциум и дури 240 mg на 100 g калиум. Сливата е богата и со влакна, 2 g на 100 g, а со сето тоа е нискокалорично овошје.

Сливата се смета за најстар природен лек за варење. Поради содржината на пектин кој отекува во цревата, тие ја омекнуваат столицата, што е многу важно во лекувањето на хемороидите и многу цревни заболувања.

Покрај позитивното влијание на варењето, сливата е добра и за срцето, го регулира шеќерот во крвта, благотворно делува на здравјето на коските и очите, а има сладок и сочен вкус.