Ова ,,свето” растение сите го имаме дома а не знаеме колку е лековито – Го регулира притисокот, ги чисти крвните садови

Босилекот во многу култури и традиции се нарекува свето растение, а се користи и при крштевки, свадби, верски церемонии и осветување на вода. Мирисот на босилек опушта и смирува, па се смета дека овој зелен дар на природата се поврзува со духовноста. Најпрво босилекот е природен лек кој се користи како средство за превенција и ублажување на одредени тегоби, како и за намалување на крвниот притисок.

Во кујната е еден од најприсутните зачини кој на многу јадења им дава посебна арома, а во служба на здравјето е адаптоген – растение кое му помага на нашиот организам да се справи со секојдневниот стрес. При конзумирање босилек телото ни станува посмирено, посталожено и полесно се справуваме со стресот што поволно влијае на регулацијата на хипертензијата.