Ова се напаѓачите на црквата во Истанбул: Пукале во невини жртви, па оружјето го сокриле на ова место (ФОТО)

Полицијата во Истанбул објави фотографии од двајца мажи осомничени дека го извршиле нападот на црквата Света Марија во неделата.

Пронајдена е и облеката која напаѓачите ја фрлиле бегајќи од местото на злосторството. Оружјето што го користеле при нападот било пронајдено во шума, додека возилото со полски регистерски таблички, кое го користеле, било пронајдено на другиот крај од градот.

Наводно, осомничените претходно работеле во кинески ресторан. Еден од напаѓачите е Д.Т., родум од Русија, отишол до местото каде се криел со автобус, а потоа се избричил таму за да не го препознаат. Полицијата успеала да го идентификува и уапси пред да се ослободи од сите докази.

Истанбул, Турција, напаѓачи

Според турските медиуми, осомничените за нападот на црквата, во кој загина едно лице, претходно работеле во кинески ресторан.

Да потсетиме, камерите го снимија моментот кога напаѓачите влегле во црквата и почнале да пукаат, додека луѓето се обидувале да се скријат.

Според соопштението на министерот за внатрешни работи, Али Јерликаја, вооружени напаѓачи упаднале во црквата Света Марија во квартот Сариер во Истанбул во 11:40 часот по локално време.

Министерот рече дека двајцата напаѓачи носеле маски и биле присутни со верниците за време на неделната молитва.