ОВА СЕ НАЈБОГАТИТЕ ЛУЃЕ НА СВЕТОТ: Цукерберг е на 10-то место, а Маск најмногу го зголемил своето богатство! Еве колку вреди нивниот имот!

Според индексот на милијардери на Блумберг, дури девет Американци се меѓу првите десет најбогати луѓе во светот.

Најбогат човек и понатаму е американскиот бизнисмен Илон Маск , чие богатство за една година се зголемило за 95 милијарди , а сега вредноста на неговиот имот се проценува на 232 милијарди долари.

Илон Маск

Веднаш зад Маск е Бернард Арно , француски инвеститор и колекционер на уметнички дела ( 165 милијарди) , потоа американскиот претприемач и основач на Amazon, Џеф Безос ( 153 милијарди ) и Бил Гејтс , основач на Мајкрософт ( 123 милијарди долари).

Петтото место на оваа листа го зазема Лери Елисон , основачот на корпорацијата Оракл, чие богатство се проценува на 122 милијарди , што е за две милијарди повеќе од вредноста на имотот на американскиот компјутерски научник Лери Пејџ , ко-основачот. на Google.

Американскиот бизнисмен Ворен Бафет , основачот на Беркшир Хатавеј, е на седмото место на листата на Блумберг, а вредноста на неговото богатство е околу 116 милијарди долари. Веднаш под него е другиот ко-основач на Google и технолошки директор на таа компанија Сергеј Брин , со вредност на имотот од 114 милијарди долари.

Стив Балмер , сопственикот на Лос Анџелес Клиперс и поранешен извршен директор на Мајкрософт (112 милијарди), и Марк Цукерберг , основачот на Фејсбук (111 милијарди долари), го заземаат деветтото и десеттото место .

Марк Цукерберг

Потоа следат Индиецот Мукеш Дирубаи Амбани, Мексиканецот Карлос Слим, Французинката Франсоаз Бетенкур Маерс, Шпанецот Амансио Ортега, а на 15. место е Американецот Џим Волтон.

Потсетуваме дека на крајот од претходната година на прво место по богатство беше Илон Маск, втор Бернард Арно, трет Индиецот Гаутам Адани (сега 19-то место, без заработка претходната година), Џеф Безос четврти, а Бил Гејтс беше петти.

Останатите пет во топ 10 најбогати беа Ворен Бафет, Лери Елисон, Лери Пејџ, Мукеш Амбани и Сергеј Брин.