ОВА СЕ НАЈДОБРИТЕ ЗЕМЈИ ЗА ЖИВЕЕЊЕ НА ПЕНЗИОНЕРИТЕ: Поранешната СФРЈ е подобро рангирана од Јапонија, еве и кој е на дното на листата
Глобалниот индекс за пензионирање состави листа на нации ширум светот кои обезбедуваат оптимални услови за живот на пензионерите. Во секоја земја беа анализирани различни категории, вклучително висината на пензиите, здравствената заштита, квалитетот на животната средина и општите услови за живот на пензионерите. Врз основа на овие анализи, беше составен избор од најдобрите 40 држави за пензионерски живот.
Глобалниот индекс за пензионирање наведува дека клучните ризични прашања за пензионерската сигурност доаѓаат до израз во денешното економско опкружување кое брзо се менува.
Зголемената инфлација повторно го зазема централното место за пензионерите по многу години. Зголемените трошоци за нафта, храна и домување ја намалуваат куповната моќ и обезбедуваат клучна економска лекција за оние што сè уште планираат живот после работа.
Се чини дека најудобниот пензионерски живот е резервиран за Норвешка, која гордо го зазема првото место. По неа следуваат Швајцарија, Исланд и Ирска, Австралија и Нов Зеланд ги зазедоа петтото и шестото место.
Кај нашите соседи може да се забележи дека Словенија оствари солиден пласман, заземајќи ја 21. позиција, додека Унгарија е на 32. место, пред нации како Јапонија, Франција и Италија. На самото дно на листата, на 40. место е Грција.