Ова се најдобрите сирења во светот

Гастрономскиот сајт Taste Atlas објави листа на најдобрите сирења во светот.

На 44. место е сирењето Мироч од Србија. Кога станува збор за регионот, сирењето Плевал го зазеде високото деветто место, престигнувајќи некои познати светски сирења.

На листата се најде и сирењето од Његује, кое го зазеде 34. место, додека на 45. место е сирењето Ливан од Босна и Херцеговина.

Листата на најдобри светски сирења ја предводат италијанскиот пармезан кој го зазеде првото место и моцарелата која се најде на второто место.