Адријана Лима фотографирана во природно издание на улица во Лос Анџелес ја изненади јавноста со својот изглед

По породувањето, познатата манекенка Адријана Лима е на мета на јавноста која ја критикува за нејзиниот изглед.

Имено, таа има целосно искривено лице, како и “коси очи” и ги подигна веѓите. На почетокот некои мислеа дека манекенката се здебелила. Меѓутоа, јавноста сега верува дека таа отишла на естетската процедура „лисица очи“, но и дека претерала со ботоксот и филерите.

Лима е снимена во Лос Анџелес во сосема природен изглед без шминка. Таа носеше црни панталони и горен дел со качулка и беше во друштво со својата ќерка, која ја придружуваше на училиште.

Минатиот месец манекенката Адријана Лима се појави на премиерата на продолжението на филмот „Hunger Games“, а нејзиниот изглед предизвика многу негативни коментари. Сега, во интервју за Harper’s Bazaar Arabia, таа призна дека била шокирана од нејзиниот изглед на фотографиите.

Исто така, откако беше нападната на социјалните мрежи, таа одблиску го фотографираше своето лице и го објави. Потоа ја пофалија и рекоа дека изгледа одлично за своите години и дека не треба да се оптоварува со негативци и лоши коментари.