“ОВА СЕ НЕОБИЧНИ ДЕТАЛИ…“ – Објавена потврдата за смртта на Метју Пери: “Видовте ли што беше наведено како причина за смртта ?“
Смртта на познатиот актер Метју Пери, омилен лик на многумина од серијата „Friends“ („Пријатели“), носи нови информации за неговата ненадејна и можеби мистериозна смрт.
Метју Пери беше пронајден мртов во неговиот базен односно во џакузито до неговиот базен на крајот на минатиот месец, а во петокот неговиот погреб беше одржан во Меморијалниот парк „Форест Лон“ во Лос Анџелес, каде што почиваат многу познати ѕвезди како Пол Вокер и Кери Фишер. Покрај семејството и пријателите, на неговиот погреб дојдоа и неговите колеги од култната серија „Friends“.
Неговата потврда за смрт е добиена од The Blast и тие пишуваат дека причината за смртта на ѕвездата е „одложена“ бидејќи токсиколошкиот извештај на Метју Пери се уште се чека. Првичните извештаи покажаа дека немало метамфетамин или фентанил во неговото тело кога починал, но други лекови бараат посериозно тестирање. Чекањето за таков извештај може да трае со недели, но неговите блиски тврдат дека тој бил чист и трезен пред неговата смрт.
Во потврдата за смртта има и информации дека неговиот очув Кит Морисон им дал „пикантни“ информации на истражителите. Исто така, било наведено дека очувот работел во индустријата за „забава“, а неговото занимање е наведено како „актер“.
Кога истражителите пристигнале во домот на Метју Пери, не нашле никакви нелегални лекови, но нашле лекови на рецепт кои биле соодветно означени. Метју Пери неодамна се отвори за својата битка со зависноста во своите мемоари.
Во мемоарите тој дава увид во неговата борба со зависноста од дрога и алкохол. Потоа, исто така, за тоа како докторите му дале „два проценти шанси“ да преживее откако му пукнало дебелото црево во 2018 година.
Метју Пери силно верувал во помагањето на другите кои поминале низ слични предизвици.
„Кога ќе умрам, не сакам ‘Friends‘ да бидат првото нешто што се споменува – сакам да биде за помагање на другите. И така ќе го живеам остатокот од животот“, рекол тој пред смртта, пишува Mirror.
„Зависноста е премногу моќна за некој сам да ја надмине. Но, заедно, еден ден во исто време, можеме да го победиме“, рекол тој.
Неговите пријатели и семејството ја основаа Фондацијата Метју Пери во чест на актерот по неговата смрт за да им помогнат на оние кои се борат со зависноста.