Сексот е „жежок“, а летните горештини не се идеални за „игри“ во спалната соба. За време на топлотните бранови, можете да уживате во размена на страсти со партнерот, а сепак со минимален контакт. Ова се најдобрите пози за тоа.
Поза „претцел“
За оние кои не знаат, претцел е германски појадок, сличен на перек. Специфичното е во тоа што тестото има карактеристична извртена форма во средината. Оваа поза треба да ја пробате на ладни плочки, бидејќи така минимално ќе се „испотите“.Со своите тела, поточно со нозете, треба да се формира карактеристичната форма на претцелот. За целта жената лежи на грб, но благо свртена настрана. Мажот се мести како за мисионерска поза, но во исправена позиција на колена.Едната нога на жената се обвива околу половината на мажот, за да има тој можност за длабока пенетрација.
Кучешка поза со вклучен вентилатор
Кучешката поза е соодветна во топли денови и ноќи, бидејќи не бара посебен контакт со кожа. Поставете го вентилаторот или клима уредот да дува кон вас за време на сексот, така што помалку ќе се потите.
Доброто во оваа поза е што во неа мажите најбрзо ја достигнуваат својата кулминација, па сексот нема да трае долго, а во самата поза не се потребни премногу допири.
Стоечка
Оваа поза е идеална за под туш, па слободно препуштете се на страстите под освежителниот млаз на вода од тушот. Жената стои со грбот кон мажот, а тој е зад неа.
За подобар наслон, жените исто така можат да се наведат со половината и да се држат на подот или некоја блиска површина со рацете.
Таа горе, со свртен грб
Во оваа поза има минимален контакт меѓу партнерите, па и минимално ќе се испотите.
Мажот седи на работ од креветот, додека жената му седнува во скут, свртена со грбот, а потоа ги потпира рацете на подот.
Школка
Оваа секс поза е добра за давање на орален секс на партнерката, бидејќи вклучува минимални допири, а доколку ја користите за пенетративен секс, нека тоа биде последната поза – сепак вклучува малку повеќе допирање од останатите.
Жената треба да легне на грб и ги подигне нозете сè до главата, додека мажот пенетрира во верзија на мисионерската поза, пишуваат Womenshealthmag.