Секоја жена на возраст од 7 до 77 години треба да го знае ова: Три сурови вистини за мажите – после ова нема разочарување

Рускиот психолог, Викторија Криста зборувала реални и отрезнувачки вистини за мажите. Откако ќе го совладате ова, ќе бидете отпорни на разочарувања.

Кога еднаш ќе ги сфатите овие 3 вистини, нема повеќе да живеете во заблуда. Во продолжение на текстот можете да ги прочитате трите вистини за мажите според психологот Викторија Криста.

1.) Со години сте заедно, но тој никогаш не зборува за вас како пар. Кога и да започнете тема за заедничка иднина, тој го менува текот на разговорот. Да, веројатно му се допаѓате, но недоволно да би стапил во брак со вас. Со вас е додека не се појави вистинската. Разберете го ова и продолжете понатаму.

2.) Доколку не ви се јави долго време или не ви даде до знаење дека треба да се видите – не е заљубен, не му се допаѓате. Дури и најсрамежливиот маж би направил чекор, би направил сè за да разберете дека му се допаѓате, да ве освои, „резервира“ за себеси … Ако не направи ниту еден чекор во таа насока – тој едноставно не е заинтересиран.

3.) Ако мажот моментално не е заинтересиран за врска затоа што „има криза во земјата“, затоа што „премногу е млад“, затоа што „не завршил факултет“, затоа што „не нашол работа“ – значи дека едноставно не е подготвен да преземе одговорност. Тажно е и болно да се процесира тоа, но доколку ве сака би бил подготвен на сè – без оглед на сè.

Ако му се допаѓате на еден маж, тој ќе се погрижи да го разберете тоа и нема да имате потреба да ги толкувате, ниту оправдувате неговите постапки.