ФОТО | Кристијано Роналдо обвинет за голема измама !? Новиот бизнис на фудбалерот мета на големи критики и предизвика скандал во Португалија

Португалскиот фудбалер, Кристијано Роналдо неодамна започнал бизнис поврзан со производство и продажба на алкална минерална вода, наречена „Ursu 9“, но шпанскиот весник El Pais го обвинил за сериозна измама.

Во рекламната кампања, Кристијано Роналдо промовирал вода со здравствени квалитети, инсистирајќи на тоа дека сака да им помогне на потрошувачите да се чувствуваат подобро, користејќи вода која доаѓа директно од шпанскиот извор во Авила.

Кристијано Роналдо

Како и да е весникот посебно ги анализирале сите рекламни детали, тие исто така извршиле и научни анализи, што овозможило да се отстранат одредени сомнежи. „Оваа вода е сомнителна, со лош квалитет“, пишувале весникот, на кој брзо му се придружил и весникот As во давање слични тврдења.

Кристијано Роналдо бил обвинет и дека всушност ја црпел водата од извор во Португалија, а не од Авила, која никогаш не му дала таква дозвола на брендот. Водата всушност доаѓала од Сера до Акор, оддалечени 4 часа возење.

Исто така, забележана била и неправилност во самиот состав на производот, со pH која би била 3 до 4 пати помала од нивото објавено на почетокот. Медиумите истакнале дека ниту една алкална вода не правела ништо за вашето здравје и дека тоа е чиста рекламна измама.