Џо Бајден го покани премиерот на Израел да се состанат во САД

Претседателот на Соединетите Американски Држави (САД), Џо Бајден го покани премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху за време на денешниот телефонски разговор да се сретнат во САД.

Израелските медиуми јавуваат дека Џо Бајден седум месеци ја одложувал поканата за Бенјамин Нетанјаху бидејќи Вашингтон не е задоволен од контроверзниот план за судски реформи на израелската Влада.

Во соопштението од кабинетот на Бенјамин Нетанјаху не се наведува дали двајцата лидери ќе се сретнат во Белата куќа, на што Бенјамин Нетанјаху се надеваше.

Во последните недели се шпекулираше дека тие би можеле да се сретнат на маргините на годишната седница на Генералното собрание на ОН во последната недела од септември, кога се очекува и двајцата да бидат во Њујорк.

Џо Бајден го упати повикот во „долг и пријателски разговор“, соопшти кабинетот на Бенјамин Нетанјаху.

Тоа беше првиот разговор меѓу Џо Бајден и Бенјамин Нетанјахуво изминатите четири месеци.

Бенјамин Нетанјаху ја прифати поканата и беше договорено да се одреди датум за средба.