Ова се светските шампиони кои биле во авионот кога се судрил со хеликоптерот и паднал во река

Светските шампиони во уметничко лизгање во 1994 година, Евгенија Шишкова и Вадим Наумов, биле во авионот кој се урна над Вашингтон по судар со хеликоптер, пренесува изворот на РИА Новости.

Авионската несреќа се случи во близина на меѓународниот аеродром Роналд Реган. Во авионот Бомбардиер ЦРЈ700 имало 64 лица.

Авионот летал од Вичита за Вашингтон, а парот се враќал од натпревар. Имено, според медиумите, првенството на САД во уметничко лизгање се одржало во Вичита, Канзас од 21 до 26 јануари.

Нивниот син, лизгачот Максим Наумов, го освои четвртото место на турнирот. Засега нема информации дали и тој бил во авионот што се урна.

Покрај златото, двојката освои сребро (1995) и бронза (1993) на Светските првенства. Шишкова и Наумов се и четирикратни бронзени медалисти на ЕП (1991-1993, 1995) и сребрени на ЕП 1994 година. Шишкова и Наумов се занимаваа со тренерска работа во САД.

„Неколку лизгачи беа на летот“

Уметничко лизгање на САД – американското раководно тело за спортот – потврди во соопштението дека неколку членови на заедницата за лизгање биле на летот 5342 на Американ Ерлајнс.

„Овие спортисти, тренери и членови на семејствата се враќаа дома од националниот развојен камп што се одржа во врска со првенството на САД во уметничко лизгање во Вичита, Канзас“, се вели во соопштението.

„Ние сме уништени од оваа неискажлива трагедија и семејствата на жртвите се во нашите срца. Ќе продолжиме да ја следиме ситуацијата и ќе објавиме повеќе информации кога ќе станат достапни“, рекоа тие.

Според медиумите, авионот се распаднал на два дела поради судар со воен хеликоптер, а остатоците биле расфрлани во реката.