Ова се уапсените членови на балканскиот нарко – картел: Тие се поврзуваат со тони кокаин од превртен брод во Романија! (фото)
Припадниците на таканаречениот „балкански картел“ П.С., З.Ј., М.М., .М. М., С.Н. и С. Ѓ. денеска се уапсени под сомнение дека сториле кривично дело – неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, а како што пишуваат српските медиуми, тие се поврзани со шверц на 5 тони кокаин во Романија!
– Уапсените членови на картелот се поврзани со шверц на 5 тони кокаин вреден околу 300 милиони евра – вели изворот на и објаснува:
– Кокаинот е запленет во мај 2019 година кога бродот што ја превезувал дрогата се превртел и пакетите испливале. Потоа беа приведени двајца Срби.
Медиумите тогаш објавија дека кесите со кокаин биле запленети од агенцијата за организиран криминал во Букурешт, а неговата улична вредност била проценета на 300 милиони евра.
Организаторот на уапсената криминална група Мирослав Старчевиќ од мај годинава е во притвор во Србија, додека едно лице е во притвор во Република Франција.
Во предистражната постапка прибавени се докази од користење на апликацијата Скај преку меѓународна правна помош, а во тек се претреси на 16 локации на територијата на Србија.
Во рокот предвиден со законот, полицијата со кривична пријава ќе ги спроведе осомничените во Јавното обвинителство за организиран криминал, по што ќе бидат на распит.