ОВА СЕ УШТЕ НЕ ГО ВИДЕЛЕ: Судијата го прекина мечот на Медведев на Ролан Гарос за да спаси повреден гулаб! (ВИДЕО)
Рускиот тенисер Даниил Медведев се пласираше во 4. коло на Ролан Гарос откако го совлада Томаш Махач од Чешка со 3:1 (7:6 (7:4), 7:5, 1:6, 6:4.
Медведев ќе игра против Австралиецот Алекс де Минаур.
Натпреварот на стадионот „Сузан Ленглен“ на кратко беше прекинат во четвртиот сет и тоа од бизарна причина.
Главниот судија на натпреварот Демиен Думусоа се симна од столот и со крпа почна да го лови повредениот гулаб кој слета на теренот. Успеал во тоа и потоа им го донел на луѓето од организацијата кои го извадиле гулабот од стадионот.
Видеото може да го погледнете ТУКА.