Некои работи кои ги правите, а за кои можеби не сте свесни, може да ја влошат алергијата. На што треба да внимавате?
Отворен прозор
Во сезоната на алергии, честичките од полен влегуваат низ прозор. Посебно избегнувајте да оставате отворен прозор додека е сончево и ветровито.
Опасностите од клима уредите
Лицата кои страдаат од алергии или имаат астма не би требало да вклучуваат клима и да внимаваат доколку за нејзиното чистење се користат силни хемиски средства. Како поздрава опција се препорачува вградување на филтер за полен во вентилацијата.
Тренинг на отворено
Доколку практикувате вежбање на отворено, внимавајте кога и каде го правите. Најголемата концентрација на полен е рано наутро или попладне, па вежбањето поместете го за подоцните попладневни часови.
Бидете редовни со терапијата со лекови
Подобро да се спречи, отколку да се лечи, па стручњаците советуваат и апчињата за алергија да почнете да ги користите две до три недели пред да се појави полен во воздухот.
Плишани играчки
Да, звучи чудно, но и плишаните играчки спаѓаат помеѓу најчестите извори на алергени. Слатките и меки играчки собираат прашина, па редуцирајте го нивниот број на минимум и редовно перете ги.
Неправилно го користите прочистувачот на воздух
Собните пречистувачи на воздих и филтрите се ефикасен начин за отстранување на поленот и другите алергени од воздухот, но доколку не ги затворите вратата и прозорите од собата, нема да имате ефект.
Ги игнорирате симптомите
Одеднаш може да станете алергични и во позрела возраст, иако до тогаш не сте имале никакви проблеми, иако до тогаш не сте имале никакви проблеми. Доколку секоја пролет мака мачите со синусите, можно е да имате алергија на полен. Може да добиете ненадејна алергија и на домашни миленици, а да не сте свесни за тоа. Затоа, доколку имате симптоми на алергија кои никако не поминуваат, посетете лекар.
Пердуви
Дали сте помислиле дека причината за алергија можеби се крие во вашата омилена перница или јорган? Пердувите знаат да предизвикаат непријатни алергии, а доколку сте алергични, набавете перници со синтетичко полнење. Душеците исто така можат да бидат извор на алергии.
Спиете во ист кревет со вашето милениче
Доколку ви е слатко кога мачката или кучето ќе ви се вовлечат во кревет, размислете уште еднаш за ова. Дури и доколку не сте алергични, лекарите предупредуваат дека ова не е добра идеја.
Имате птица како домашно милечиче
Симпатичните пердувести домашни миленици исто така може да предизвикаат појава на симптоми на алергии. Мала птица може да предизвика многу проблеми.