ПОПУЛАРНА НОВИНАРКА – Поради последното видео кое го објави, фановите се убедени дека Дилета Леота е бремена

Најпознатата италијанска новинарка Дилета Леота ги започна гласините дека е бремена објавувајќи го последното видео на својот профил на TikTok.

Имено, Дилета објави видео на кое позира во различни комбинации, а вниманието на нејзините следбеници го привлече нејзиниот стомак, кој особено се истакна кога новинарката се сврте на страна.

@dilettaleotta

Last week in #sanremo @patriziapepeofficial

♬ Drop – Connor Price & Zensery

Нејзините фанови веднаш почнаа да прашуваат во коментарите на социјалните мрежи дали е бремена и веќе испратија честитки до неа и нејзиното момче, германскиот голман Лорис Кариус.

Љубовта помеѓу водителката и голманот на Њукасл се роди пред само неколку месеци. Двајцата се запознаа во средината на 2022 година, а својата врска ја објавија во ноември истата година.