Името е печат кој трае цел живот, па затоа е важно внимателно да размислите при изборот. Доколку очекувате пролетно бебе, ви носиме неколку предлози кои се инспирирани од оваа прекрасна сезона – пролет.
Ирис
Се претпоставува дека името Ирис потекнува од старогрчкиот јазик и дека потекнува од името на митолошката божица Ирис или од името на божјата гласничка Ирис, која има виножито како свој личен симбол.
Во слободен превод името Ирис го има повеќе значења: „онаа што е среќна“, „таа која е божји гласник“, „личност која е убава како цвет“, „онаа што е радосна и светла како виножито“, „жена која плени со убавина“, „личност која е осветлена од сите бои на виножитото“, „виножито“, „боја”, „среќа“.
Лилјана, Лиле
Етимолозите веруваат дека името Лилјана потекнува од именката „лилјан“, односно крин, што значи името на цветот, а пред сѐ од желбата на родителите на своите женски деца да им дадат име кое е убаво, нежно и мило.
Женското име Лилјана им се дава на новородените девојчиња пред сѐ поради желбата на родителите тие да бидат „убави како цвет“, „убави и нежни како ливчиња од крин“, „префинети“, „отмени“, „љубезни“, „личности кои се нежни и благородни“, или „сите оние женски личности кои зрачат со многу убава внатрешна и скриена убавина“.
Невена
Се претпоставува дека името Невена потекнува од името на цветот, поточно растението невен, кое спаѓа во редот на лековити растенија, па покрај тоа што им се дава името на децата за да бидат убави и нежни како цвет, се верува дека името порано им било давано на женските деца за тие секогаш да бидат здрави и силни.
Неговото „пренесено“ значење би можело да биде едно од следниве: „онаа што е убава и нежна како цвет“, „онаа што е здрава и полна со живот“, „жена која зрачи со енергија и е жива“а „онаа која е секогаш млада“, „онаа што никогаш нема да остари (духовно)“, „онаа што е олицетворение на убавина и среќа“, „онаа што ‘плови’ и никогаш не се разболува“.
Весна
Женското име Весна потекнува од старословенската јазична група, а се претпоставува дека името потекнува од името на словенската божица на пролетта Весна или дека е изведено од зборот „весник“, што значи оној што објавува или го најавува доаѓањето на пролетта, радоста и сонцето.
Значењето на името Весна, по правило, се однесува на оние женски деца кои се: „родени да носат или среќа или радост“, како и на „оние деца кои се предвесници на пролетта“, „оние деца кои се олицетворение на топлина и светлина“, „на децата кои се среќни, ведри, разиграни, полетни, со ведар дух и чисто срце“.
Маја
Значењето на името Маја е тешко да се дефинира, но обично се преведува во зависност од изворниот јазик, како и од земјата каде што името е најраспространето или врз основа на некои верувања кои сѐ уште не се искоренети.
Според тоа, се верува дека името Маја обично им се дава на женските деца родени во календарскиот месец мај.