ОВИЕ АВТОМОБИЛИ ИТНО СЕ ПОВЛЕКУВААТ ОД ПАЗАРОТ! Опасен по БЕЗБЕДНОСТА на луѓето – возачите масовно пријавуваат проблеми

Tesla објави дека повлекува речиси 200.000 автомобили во Соединетите држави бидејќи камерата не работи кога менувачот ќе се префрли во рикверц.

Според извештаите, моделите Y, S и X од минатата година се повлекуваат и сите се опремени со компјутерот „Full self-driving“ 4.0, пренесува Associated Press.

Компанијата вели во документите објавени од американската Национална управа за безбедност на автопатиштата дека софтверската нестабилност може да ја спречи камерата да ја прикажува областа зад автомобилот кога е во рикверц, зголемувајќи го ризикот од судар.

Од Тесла изјавија дека нема извештаи за несреќи или повредени поради ова и дека проблемот е решен со онлајн ажурирање на софтверот.

Компанијата почна да прима поплаки за проблеми со камерата кон крајот на декември, по што беше одлучено да ги повлече автомобилите.