Овие две жени, наводно, биле ослободени од Хамас: Нивните сопружници се уште се во Газа

Се уште чекаме потврда од Израел дека Хамас вечерва ослободи уште двајца заложници .

Како што претходно изјави Хамас, две Израелки се ослободени од хуманитарни причини.

Портпаролот на милитантната група изјави дека Нурит Џичак (79) и Јохвед Лифшиќ (85) се ослободени.

Наводно и семејствата биле известени дека се на слобода.

Овие жени се киднапирани од Кибуц Нир Оз, а нивните сопружници, според хебрејските медиуми, се уште се во Газа.

Според неофицијални информации, тие се наоѓаат на преминот Рафа, кој ја поврзува Газа со Египет.