Овие зборови одекнуваат низ светот! Матс Виландер имаше порака за Новак Ѓоковиќ: ,,Згрешив, но сега верувам”

Веројатно нема многу луѓе чии зборови им предизвикаа поголема непријатност на навивачите на Новак Ѓоковиќ од Матс Виландер.

Тенискиот великан, сега коментатор на Еуроспорт, често беше критичен настроен кон српскиот тенисер. Понекогаш ги преминуваше границите.

Сега Виландер оцени дека Ѓоковиќ има добри шанси да ги освои сите четири Грен слем турнири годинава.

Седумкратниот Грен слем шампион го истакна фактот дека Ѓоковиќ имал „добри шанси“ да го освои календарскиот Грен слем и во 2021 и во 2023 година.

Пред три години Новак ги освои првите три Грен слемови, но пропушти медал на Олимписките игри во Токио, а потоа го загуби финалето на УС Опен.

Минатата година тој беше поразен на Вимблдон во пет сета од Карлос Алкараз, но ги освои сите три други Грен слем турнири.

„Натпреварите што ги губи се претежно турнири во три сета. На Грен слем турнирите, каде што некој треба да освои три од пет сета, тој во основа не губи натпревари од младите момчиња затоа што разбира како да игра во одбрана и кога да игра одбрана. Лани имаше и повреда. Тој го удира форхендот посилно од кога било досега. Значи, знае како да се прилагоди во еден ден, еден момент. Никој не знае како да освои календарски слем, па ни јас. Повторно ќе прогнозирам дека Новак ќе победи на сите четири слемови. Тоа го предвидов пред неколку години, како и минатата година. Грешев, но беше многу, многу блиску. Мислам дека има навистина добри шанси да победи на сите четири турнири. Навистина верувам во тоа“, рече Виландер.

Род Лејвер беше последниот тенисер кој ги освоил сите четири Грен слем турнири во иста година, тоа го направил во 1962 и 1969 година. Единствената во светот која го освои Златниот слем, сите четири Грен слем турнири и Олимписките игри во истата година беше Штефи Граф во 1988 година.