Тајван остана без важен сојузник! Невиден шок веднаш по претседателските избори: Го повлекоа признавањето и за завртеа кон Кина

Тајван загуби еден од ретките преостанати дипломатски сојузници!

Малата пацифичка островска држава Науру го повлече своето признавање само неколку дена откако Тајван го избра новиот претседател. Тамошната влада рече дека е во „најдобар интерес“ на земјата и нејзиниот народ да бара целосно обновување на дипломатските односи со Кина.

Кина инаку тврди дека Тајван е нејзина територија, која нема право на меѓудржавни врски, но Тајван силно го оспорува тоа. Тајванските власти пред изборите во сабота рекоа дека Кина најверојатно ќе продолжи да врши притисок врз неколку земји кои одржуваат формални дипломатски врски со Тајпеј.

Лаи Чинг Те, кого Кина постојано го критикуваше пред изборите како опасен сепаратист, победи на изборите во Тајван во саботата и ќе ја преземе функцијата на 20 мај.