Овие популарни намирници содржат многу повеќе шеќер отколку што мислиме, велат диететичарите

СИТЕ добро знаеме дека премногу шеќер не е воопшто здрав. Според Healthline, диететичарите објаснуваат дека мажите треба да консумираат до 36 грама шеќер дневно, а жените само 24 грама. Многу луѓе и онака претеруваат со внесот на шеќер, а најчесто потполно несвесно. Имено, многу намирници за кои никогаш не би рекле дека содржат големи количини шеќер и затоа предизвикуваат несакано дебелеење кај оние кои редовно ги консумираат.

Овие храни го вклучуваат следново:

  • нискокалоричен јогурт
  • диететски преливи за салата
  • кечап
  • суво овошје
  • енергетски пијалоци
  • путер од кикирики
  • готови смути

Како што објаснуваат диететичарите, овие намирници најчесто се рекламираат како исклучително здрави, но всушност содржат големи количини на дополнителни и рафинирани шеќери со кои не треба да претеруваме. Имено, многу истражувања покажале дека зголемениот внес на шеќер може да доведе до дебелеење, зголемен ризик од дијабетес, мозочен удар, болести на срцето и циркулаторниот систем и покачен холестерол