Еве неколку докажани рецепти со сусам кои лесно можете да ги подготвите дома.
Семето од сусам не е само вкусен додаток на печива и јадења, туку и исклучително корисна храна која ги зајакнува коските и помага во лекувањето на изгореници и хемороиди .
Доколку ви недостига калциум, доволно е една лажица од ова семе да натопите во половина чаша јогурт и да ја оставите преку ноќ. Наутро смесата јадете ја на празен стомак, а постапката повторувајте ја секојдневно додека не се чувствувате подобро.
За лекување на хемороиди, сомелете една лажица сусам и додадете две лажици вода. Измешајте сè додека не добиете хомогена паста, а потоа додадете една лажичка путер. Сè убаво измешајте и премачкајте го на тост.
Од главоболка до настинка
Еве неколку докажани рецепти со сусам кои лесно можете да ги подготвите дома и на тој начин да си помогнете себеси и на другите со некои проблеми кои често се среќаваат.
1. Сусам против мигрена: измешајте 2 лажици масло од сусам со 10 капки есенцијално масло од еукалиптус и бор. Загрејте ја смесата и добро измешајте. Натопете газа и ставете ја на главата 30 минути.
3. За чистење на крвните садови: Убаво изматете една кафена лажичка сусам, па прелијте ја со чаша црвено вино. Овој напиток пијте го во мали голтки во текот на денот.
5. Против кашлица и настинка: со една лажичка сусам прелијте чаша зовриена вода и оставете да се вари уште 2 минути. Додадете една лажичка ленено семе, половина лажичка сол и една лажица мед. Измешајте сè добро да се соедини и покријте да одмори. Кога ќе се олади, процедете и испијте неколку голтки пред спиење.