ОВИЕ СЕ СИМПТОМИТЕ НА ИНФИЦИРАНИ ОД “ГРИПОН” – ВКРСТУВАЊЕ НА ГРИП И КОРОНА: “Оваа сезона даваат тешки клинички слики”

Погледнете кои се симптомите на вкрстување на грип и корона вирус!

Од Институтот за јавно здравје на Србија „Д-р Милан Јовановиќ Батут“ информираат дека во Белград имало вкрстување на грипот и корона вирусот. Досега на територијата на град Белград се потврдени пет случаи на истовремена инфекција со вирусот на грип, тип А (H1 P/2009) и инфекција со САРС-КоВ-2.

Д-р Снежана Рсовац, педијатар и пулмолог, објасни како да ги препознаете симптомите и кога е време за посета на лекар. Како што напомена таа на самиот почеток, ова не е прв пат да се случи по доаѓањето на корона вирусот , тоа се случувало и претходно.

„Важно е што има во клиничката слика, а помалку е важно кој точно бил првиот предизвикувач. Во оваа сезона вирусот на грип е многу доминантен и претставува многу тешка клиничка слика. Трае два и пол месеци, прво беше спорадично, а сега имаме се повеќе пациенти“, објасни д-р Рсовац и додаде дека клиничката слика зависи од општата состојба на пациентот. Симптомите се висока и постојана треска, болки во грлото и зглобовите, малаксаност.

„Кога зборуваме за корона вирусот, тој досега се појавуваше во оваа зимска сезона, но неговата клиничка слика кај децата беше како настинка“, посочи докторката и објасни кога треба да се консултираме со лекар.

„Кога зборуваме за деца, оние кои имаат висока температура и се од предучилишна возраст или новороденчиња, не успевате да ја спуштите ден-два, не внесуваат доволно течности, слаби се, поспани – мора контактирајте со педијатарот“, изјави д-р Рсовац. Совети или превентивни мерки се: задолжително проветрување на просториите, миење раце, грижа за хигиена и спортување, пешачење за повозрасната популација.