Овие три намирници го намалуваат ризикот од Алцхајмерова болест кај жените

Како што старееме, одржувањето на здравјето на мозокот станува сè поважно, особено за жените кои се изложени на поголем ризик да развијат Алцхајмерова болест. Научните истражувања постојано покажуваат дека исхраната игра клучна улога во когнитивната функција и спречување на невродегенеративни болести. Добро балансирана исхрана, богата со одредени хранливи материи, може значително да го подобри здравјето на мозокот и меморијата, па дури и да го намали ризикот од Алцхајмерова болест.

Во неодамнешното видео на TikTok, невронаучникот кој е специјализиран за превенција од Алцхајмерова болест, д-р Роберт Лав, ја сподели својата експертиза на оваа тема.

„Храната е навистина важна, а жените имаат двојно поголема веројатност да заболат од Алцхајмерова болест отколку мажите. Жените сочинуваат 66 отсто од случаите на Алцхајмерова болест, додека мажите сочинуваат околу една третина од случаите“, откри неврологот.

Така, тој истакна три намирници што жените над 40 години треба да ги консумираат за да го заштитат нивниот мозок, па дури и да ја подобрат меморијата како што стареат. Еве кои намирници ги препорачува.

1. Бобинки

д-р. Лав со ентузијазам ги одобрува бобинките полни со придобивки, изјавувајќи:

,,Боровинките и другите бобинки се одлични за мозокот бидејќи се богати со антиоксиданси и полифеноли, кои се одлични за вашите цревни бактерии“.

Нагласува дека она што е добро за нашите црева е добро и за нашиот мозок. 

2. Зелен лиснат зеленчук

Зелениот лиснат зеленчук е уште една важна компонента на здравата исхрана за мозокот.

,,Листестиот зеленчук е богат со хранливи материи кои помагаат во негување на мозокот и може да помогнат во одржувањето на здравјето на вашиот мозок како што стареете“, вели д-р Лав.

Зеленчуците како кељ, спанаќ и брокула обезбедуваат важни витамини и минерали кои ја поддржуваат функцијата на мозокот и когнитивното здравје.

3. Здрава масна риба

Третата група на храна која ја препорачува д-р Лав е здравата масна риба.

„Вашиот мозок е направен од маснотии, така што сакате да консумирате многу здрави масти за да помогнете во одржување на мозокот, па дури и да го поддржите растот на нови мозочни клетки“, објаснува неврологот.

Рибите, како што се сардините и дивиот лосос, се особено корисни поради нивната висока содржина на DHA и ниските нивоа на жива. DHA е вид на омега-3 масни киселини кои се неопходни за здравјето на мозокот.