ОВИЕ ЧЕТИРИ ГРУПИ НА ЛУЃЕ КОМАРЦИТЕ НАЈМНОГУ САКААТ ДА ГИ ‘ЈАДАТ’! Тие испуштаат мириси кои ги привлекуваат, а особено се агресивни кон оваа група
Вирусот – Западен Нил, кој го пренесува домашниот комарец Culex pipiens, е регистриран во јуни годинава кај луѓето во соседна Србија. По дополнителни пациенти кои пријавиле симптоми на инфекција со вирусот Западен Нил, експертите редовно апелираат како да се заштитиме.
Никој не сака комарци, а се чини дека одредени луѓе се напаѓани повеќе од други. Зошто е тоа така ? „Нема сомнение дека поединци се попривлечни за комарците поради хемикалиите што ги лачат и поради нивната посебна флора на кожата“, вели ентомологот Џозеф Конлон од Здружението за контрола на комарци на САД. Постојат четири типа на луѓе кои комарците ги каснуваат почесто од другите:
1. БРЕМЕНИ ЖЕНИ
Комарците ги привлекува јаглерод диоксидот што луѓето го произведуваат кога дишат. Но, зошто бремените жени ? Бремените жени издишуваат повеќе јаглерод диоксид во подоцнежниот период од бременоста (околу 28 недели) и за 21 отсто повеќе од оние на почетокот на бременоста.
2. ЛУЃЕ КОИ ВЕЖБААТ
Комарците се особено агресивни ако намирисаат некој кој штотуку трчал, вежбал или се занимавал со некоја друга физичка активност. Тие се привлечени од млечни киселини, кои потоа се зголемуваат во мускулите и се излачуваат преку пот.
3. ЛУЃЕ КОИ ПИЈАТ АЛКОХОЛ
Студијата спроведена во Западна Африка покажа дека мажите кои пијат пиво за комарците се попривлечни од оние кои пиеле вода. Некои експерти веруваат дека тоа се случува затоа што алкохолот ја зголемува телесната температура, а на комарците им е неодолив.
4. ЛУЃЕ СО КРВНА ГРУПА 0
И, конечно, на комарците најмногу им се допаѓаат луѓето со крвна група 0, според студијата објавена во Journal of Medical Entomology. Луѓето со нулта крвна група имаат тенденција да испуштаат одредени мириси кои комарците ги сметаат за привлечни.