Овие 3 карактеристики се попривлечни од изгледот! Ако ги имате, големи се шансите да привлечете некого

Неколку особини навистина гарантираат дека припадниците на спротивниот пол ќе ве сметаат за привлечни.

Истражувањето на Универзитетот во Тексас во Остин покажа дека навистина не е сè до физичкиот изглед .

Потврди дека три особини го издржале тестот на времето како најатрактивните особини што може да ги има една личност, а кои го прават идеален потенцијален  партнер.

Еве ги карактеристиките:

Љубезност

Многу студии го потврдија ова со свои наоди, објаснувајќи дека љубезноста создава одреден ефект што ја прави личноста да изгледа попривлечна воопшто.

Заклучокот од истражувањето покажува дека колку луѓето се пољубезни, посакани и почитувани, толку се сметаат за физички попривлечни.

Интелигенција

Постојат очигледни причини зошто луѓето ја ценат интелигенцијата. Во денешниот свет, ние имаме тенденција да ја поистоветуваме интелигенцијата со образованието, кое е поврзано со зголемен приход, подобро здравје, повисоки нивоа на семејна и работна стабилност и поголема способност.

Истражувањата покажуваат дека овие особини имаат тенденција да ја подигнат перцепцијата за вас како попривлечна и поквалитетна личност, како и попосакуван потенцијален партнер.

Здравје

Истражувањата покажаа дека луѓето кои имаат добро физичко здравје се сметаат за најпривлечни.

Авторите на студијата го припишуваат ова откритие на еволутивните корени на нашата привлечност: Треба да бидеме способни да пренесуваме здрави гени на идните генерации. И колку сме поздрави, толку е поголема можноста за подобар живот и здрави наследници.

Како дел од истражувањето, на испитаниците им беа поставени прашања за важноста на физичката привлечност и добрата финансиска состојба, но сепак победија добрината, интелигенцијата и одличното здравје.

Авторите забележале и дека жените повеќе ги истакнуваат овие три клучни особини отколку мажите, пренесува Би-Би-Си.