Овие 4 знаци во август ќе имаат СРЕЌА КОЈА ДОАЃА ЕДНАШ ВО 100 ГОДИНИ, тврди еден од најпознатите руски астролози

Една од најпознатите руски астролози, Василиса Володина, неодамна ја откри својата астро-прогноза за месец август. Таа издвои четири знаци кои ќе имаат неверојатна среќа во месецот што претстои – судбината ќе им тропне на врата со торба полна со изненадувања и „подароци“.

Хороскопот за август особено ќе ги задоволи Овенот, Лавот, Стрелецот и Рибите. Володина тврди дека ги очекува многу убав месец, полн со поволни околности и среќни пресврти на судбината. Едноставно кажано, се ќе си оди по свое!

ОВЕН

Овнови, подгответе се за нешто големо! Во следните недели ве очекува клучен чекор напред во кариерата. Вашите идеи и проекти конечно ќе бидат препознаени на вистински начин, а претпоставените ќе ви понудат примамливо унапредување или барем значителен финансиски бонус. Не пропуштајте ја вашата шанса, дејствувајте храбро и одлучно! Среќата е на ваша страна.

ЛАВ


Лавови, ѕвездите ви подготвија особено убави изненадувања во областа на личниот живот во август. Доколку сте слободни, подгответе се за судбоносна средба која ќе ви го промени животот. Доколку, пак, имате семејство или партнер, следува втор „меден месец“, односно фаза во која сè ќе се одвива без проблеми, а емоциите ќе бидат многу интензивни и силни. Уживајте во овој магичен период!

СТРЕЛЕЦ

Стрелци, ви доаѓа време на промени и нови, многу добри можности. Слободно преземете ги најамбициозните проекти и не двоумете се да започнете големи работи – сега е време кога можете да се справите и со најсложените предизвици. Покрај тоа, постои голема шанса да дојде неочекувана добивка или дури и наследство во вашиот живот. Ѕвездениот совет во август е да не заборавите да ја споделите среќата со вашите најблиски.

РИБИ

Риби, подгответе се за остварување на вашите најголеми желби. Сè за што долго сонувавте во август ќе почне да се остварува на најпрекрасен начин. Можеби тоа е вашето патување од соништата, купување недвижен имот или забременување! Верувајте му на текот на животот и уживајте во даровите на судбината. Вие го заслужувате тоа.