Елиминирање на шеќер од вашата исхрана можеби е актуелен тренд, но ако размислувате да го исклучите овошјето поради природните шеќери што ги содржат, можеби ќе сакате да размислите повторно. Како што објаснува регистрираниот диететичар Бони Тауб-Дикс, овошјето содржи многу хранливи материи што ни се потребни.
„Ни обезбедува витамини, минерали и антиоксиданси, сè што навистина ни е потребно за одржување на нашето здравје. Исто така нè хидрира и ни обезбедува влакна кои можат да не заситат, но и да ни го забрзаат метаболизмот. Сето тоа промовира губење на тежината, односно губење на несаканите килограми, што е добра вест за сите оние кои имаат проблеми со тежината“, додава тој.
За жал, недоволно луѓе јадат овошје колку што треба, предупредува диететичарот. Според податоците, само еден од 10 возрасни консумира доволно овошје и зеленчук. Недостатокот на овие важни хранливи материи може да доведе до хронични болести како што се срцеви заболувања и дијабетес.
Но, има и овошја кои содржат многу малку шеќер во својот состав, па затоа помагаат при слабеење. Овие се:
- јагоди
- грејпфрут
- авокадо
- сливи
- малини
- портокали
- капини
- јаболка
- праски.