Иако често се фрла пред да се подготви пченката, пченкарната свила има бројни здравствени придобивки.
Во традиционалната кинеска медицина се користи за лекување на различни заболувања, вклучувајќи проблеми со простатата, маларија, инфекции на уринарниот тракт и срцеви заболувања. Поновите истражувања покажуваат дека може да помогне и во намалување на крвниот притисок, холестеролот и шеќерот во крвта, според Healthline.
Може да се користи свеж, но често се суши и се консумира како чај или екстракт. Може да се зема и како пилула. Содржи флавоноидни антиоксиданси. Тие го намалуваат оксидативниот стрес, кој е една од главните причини за многу хронични состојби, вклучувајќи дијабетес, срцеви заболувања и рак.
Пченкарната свила има и антиинфламаторни својства. Меѓутоа, бидејќи човечките истражувања за пченкарната свила се ограничени, официјалните препораки за дозволената количина сè уште не се воспоставени.
Различни фактори можат да влијаат на тоа како вашето тело реагира на пченкарната свила, вклучувајќи ја возраста, здравјето и медицинската историја.
Повеќето достапни истражувања велат дека пченкарната свила е нетоксична. Производителите препорачуваат консумирање од 400 до 450 милиграми додатоци од пченкарна свила два до три пати на ден. Се препорачува да започнете со мала доза и постепено да ја зголемувате доколку е потребно.