Овој знак покажува дали ќе бидете успешни во животот, тоа е поврзано со просторот во кој живеете

Дали знаете дека постои многу јасен знак кој кажува многу дали таа личност ќе биде успешна во животот.

Џулијан де Медеирос, кој споделува интересни психолошки факти и совети, зборуваше токму за ова во едно од неговите видеа на TikTok.

Тој цитираше позната фраза на познатиот автор Фјодор Достоевски кој во една од неговите книги вели дека човекот се познава по начинот на кој ја чува својата соба.

@julianphilosophy It’s all in the room #quotes #success #life #happy #work #books ♬ original sound – Julian de Medeiros

„Покажи ми нечија соба, па јас ќе ти кажам точно кои се тие“, рекол Достоевски, цитиран од агенциите.

Познатиот автор вели дека внатрешната состојба многу се одразува со изгледот на просторот во кој живеете.

Така, некој што има уредна соба покажува дека има ум и уреден живот.

„Твојата соба кажува многу за тоа кој си и кој ќе бидеш во иднина“, вели Достоевски.