ОВОЈ МАРИНЕЦ Е МОЗОКОТ НА ИЗРАЕЛСКАТА ОФАНЗИВА – Генералот од САД ја планира инвазијата на Појасот Газа, поучен од уличните борби во Ирак

САД го испрати Џејмс Глин, марински генерал-полковник кој носи три ѕвезди на својата униформа, да работи со други американски воени офицери во Израел за да и помогне на земјата да подготви борбени планови за очекуваната копнена офанзива во Појасот Газа.

Jerusalem Post пишува дека оваа информација ја објавил весникот New York Times.

Се вели дека Џејмс Глин ги предводел американските сили за специјални операции против Исламската Држава и служел во Фалуџа, Ирак.

Џејмс Глин моментално служи како заменик-командант за резерви на работна сила и поморски корпус.

Џејмс Глин
Џејмс Глин

Се вели дека неименувани американски функционери, цитирани во написите на New York Times, рекле дека намерата на овие офицери не била да му диктираат на Израел како да изврши копнена офанзива, туку да дадат „воени совети“, како лекции.

New York Times неведува дека Џејмс Глин нема да биде на теренот во Израел кога и доколку започне копнената офанзива на Појасот Газа.

Високи претставници од администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден изјавија за весникот дека израелските одбранбени сили (ИДФ) сè уште не се подготвени да започнат копнена офанзива и дека САД се загрижени што Израел немаат јасен план за искоренување на Хамас во Појасот Газа и дека нема остварлив план за акција.

AP News објави дека Џејмс Глин исто така ќе го советува Израел како да ги минимизира цивилните жртви за време на уличните борби.