Овој турски обичај останал кај нас! Има врска со бракот и веридбата: Еве зошто некои луѓе ширум Македонија сакаат тоа да го ставаат во кафето!

Еден стар турски обичај што остана на нашите простори е ставање сол во кафето на потенцијалниот младоженец. Ако кафето е јако и слатко, тоа е знак дека на девојката и’ се допаѓа момчето и дека има шанси, а ако е тенко и солено – за момчето „нема место во куќата“.

Освен овој обичај, од друга страна, ставањето сол во кафето има и некои корисни придобивки за сетилата, покажуваат најновите истражувања. За да ја ублажите горчината на кафето, некои предлози се наместо шеќер да додадете прстофат сол во утринското кафе.

Иако идејата е донекаде невообичаена, постојат научни студии кои ги разгледале ефектите од додавањето сол во кафето. Солта е богата со натриум хлорид, кој го елиминира силниот вкус на кафето. А кога тие вкусови ќе исчезнат а се чувствуваат и други ароми на кафе кои доаѓаат до израз, пренесува РТС.

Во истражувањето објавено во далечната 1995 година, беше наведено дека солта го потиснува горчливиот вкус на кафето. Така, во Виетнам, додавањето сол на кафето е доста вообичаено. Исто така, членовите на американската морнарица пиеле солено кафе за време на Втората светска војна.