ОВОЈ ХИТ НА ЦЕЦА ГО НАПИША ДИНО МЕРЛИН Тој ја откри тајната на песната која Цеца ја пее на секој нејзин концерт
Мерлин ја откри вистината за песната „Белград“.
Дино Мерлин напиша голем хит кој и припадна на Цеца Ражнатовиќ.
Пред неколку години се шпекулираше дека песната „Белград“ прво ја напишал за себе, но Дино Мерлин истакна дека овој голем хит е напишан за Цеца Ражнатовиќ.
За жал, ни тоа не е точно. Песната „Белград“ е напишана за Цеца Величковиќ во Швајцарија, во Св. Гален, една ноќ во почетокот на ’91. – изјави неодамна пејачот.
Дино Мерлин е сопственик на бројни хитови, а во една прилика откри и која е неговата автобиогравска песна.
Дино Мерлин песната „Како да ти кажам“ ја посвети на блиска личност во знак на извинување.
Еднаш згрешив кон личност за која многу се грижев, па овие стихови се мое автобиографско извинување. Се обидувам да му објаснам на другиот колку ми значи и колку патување треба да помине еден човек за да каже едноставни зборови како „извини“. Затоа напишав две верзии на песната кои патуваат по различни патеки до иста дестинација – објасни во една прилика музичарот, пренесува „Глорија“.