ОВОЈ ЧОВЕК Е ГЛАВЕН ОСОМНИЧЕН ЗА СМРТТА НА ЕВГЕНИЈ ПРИГОЖИН! Неговата единица убива низ светот по наредба на Владимир Путин – дали тој ќе ја наследи империјата на ‘готвачот’ !?

Убиство или несреќа ?! Три дена по падот на авионот во кој загина лидерот и основач на групата Вагнер, Евгениј Пригожин, се испреплетуваат вестите за позадината на трагедијата во регионот Твер.

Британското разузнавање наводно има главен осомничен за авионската несреќа во Русија во која загина лидерот на ВагнерЕвгениј Пригожин. Според нивните информации, зад наводната несреќа стои генерал-мајор Андреј Аверјанов.

Андреј Аверјанов
Андреј Аверјанов

Sky News пишува дека британските разузнавачки служби наводно го имаат главниот осомничен за смртта на водачот на Вагнер, Евгениј Пригожин во авионската несреќа што се случи во средата во областа Твер во Русија. Во авионот Embraer Legacy 600 загинаа десет лица, меѓу кои и Дмитриј Уткин, еден од основачите на оваа паравоена единица, а според информациите на британските разузнавачки служби, станува збор за генерал-мајор Андреј Аверјанов – човек кој наводно ја нарачал несреќата.

Кремљ ги негираше тврдењата на британските и украинските тајни служби дека стои зад смртта на Евгениј Пригожин, додека професорот и безбедносен аналитичар Мајкл Кларк вели дека Андреј Аверјанов и претходно бил виден како замена за Евгениј Пригожин на чело на Вагнер во АфрикаАндреј Аверјанов ја предводи единицата 29155 на ГРУ (руската разузнавачка служба), која спроведува операции во странство по наредба на Владимир Путин.